Зголемените цени ги погоди рестораните за свадби
Зголемените цени ги погоди рестораните за свадби

Поскапувањето на струјата и прехранбените производи, особено маслото, месото и зеленчукот речиси ги остави рестораните за свадби без никаков профит. Сите свадби се резервирани во периодот кога цените беа пониски. Менаџерите на рестораните велат дека значително е намален и бројот на гости на свадби, од 350 или 400 колку што беше порано, сега бројот е намален на максимум 250 гости.
„Со цените кои се превисоки, немаме профит, туку само на младоженците им вршиме услуга да ја завршат свадбата до крај. До денес немаме никаков профит. Оние кои резервираа пред нова година и после нова година, некаде во март, сите беа по стари цени. Сега не можеш да им се јавуваш на луѓето, да им кажеш преку телефон дека цената е покачена и треба да се покачи и цената на свадбата, затоа што резервирал по таа цена“, рече Адмир Сефери, менаџер.
И покрај моменталната состојба, граѓаните не се откажуваат од свадбите и големите трошоци за нивна реализација.
„Луѓето малку се ослободени, движењата се поголеми, врските се поголеми отколку што беа. Бидејќи тогаш луѓето беа осамени, имаа и страв. Да даде господ животот да продолжи како што беше“, рече еден граѓанин.
Задоволни од сезоната на венчавки се музичарите кои рекоа дека закрепнуваат по двегодишното затворање поради пандемијата.
Укинувањето на мерките против Ковид 19 летово овозможи организирање на сите прослави со полн капацитет и без ограничувања./ Alsat.mk
Мелихате Рустеми