ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемено полициско присуство во Тетово

Зголемено полициско присуство во Тетово

Тетовската полиција ги зголеми контролите на улиците каде поминуваат учениците, особено во раните утрински часови кога почнува наставниот процес и попладне кога завршува. Оваа полициска акција е за зголемување на безбедноста и избегнување на негативни појави.

Advertisements

„Припадниците на полицијата од СВР Тетово, секој ден за време на смените и почетокот на завршувањето на наставниот процес, патролираат во околината на училиштата или на влезовите на училиштата, со цел да се спречи нарушување на мирот и јавниот ред, се следи движењето на лица познати на полицијата, и е зголемено обезбедување на учениците во училиштата“, рече Фатмир Реџепи. Портпарол на СВР- Тетово.

Директорите на училиштата бараат во околината на училиштата да има континуирани полициски патроли.

„Нивното присуство е добредојдено бидејќи немаме чувар во близина на училишната зграда и секоја ваква иницијатива за присуство на полицијата би била повеќе од потребна и во училиштето и во превозните средства. Истовремено, сакам да нагласам дека дури и од секторот за образование на општината побаравме да аплицираме за нови согласности особено за обезбедувањето бидејќи и тоа е неопходна работа“, нагласи Јетон Камбери- директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“- Тетово.

„Има огромна потреба полицијата да се грижи за безбедноста на учениците и вработените или за родителите кои доаѓаат да носат ученици. Паркингот е многу голема пречка и тоа е евидентно во училиштето, особено пред тротоарот каде што се паркирани многу автомобили и би ни помогнало доколку полицијата преземе мерки за расчистување на тротоарот“, додаде Имберја Адеми- в.д директор на ОУ „Истигбол“- Тетово.

Тетовската полиција и во изминатиот период спроведе контроли во тетовските училишта. Пред извесно време во две средни училишта во овој регион двајца ученици беа фатени со наркотични материи, а имаше и случаи кога ученици во чантите носеле ладно оружје како нож и боксирач./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button