МАКЕДОНИЈА

Зголемување за дури 1000 отсто во продажбата на противпожарни апарати

Сопственикот на кабаре од Куманово, кој беше фатен при засилени контроли додека внесувал противпожарни апарати во зградата, не е единствениот што го направил ова. Претставници на компаниите кои продаваат противпожарни апарати велат дека по најавите за засилени контроли, 80 отсто од правните лица бараат да набават противпожарни апарати. Посочуваат дека потрошувачката на уреди е зголемена за најмалку 1000 отсто.

Advertisements

Ангеловски вели дека од потрошувачите слушнал дека на пазарот има значително поскапување на противпожарните апарати и апелира да не се злоупотребува ситуацијата.

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, го крена алармот. Во оваа дискотека биле констатирани низа неправилности во заштитата од пожари, по што институциите ги „засукале ракавите“ и извршиле увид во стотина угостителски објекти, каде што констатирале многу неправилности и одземале многу лиценци.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button