МАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на минималецот ќе се разгледува на Економски-социјалниот совет, вели министерката Тренчевска

Заложбата на владата е покачување на минималната плата до 18.000 денари, а до крајот на мандатот, 2024 година, покачување на минималната плата до 20.000 денари, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Како што кажа таа, прашањето за зголемувањето на минимална плата ќе биде отворено на Економско-социјалниот совет, во чиј состав, покрај министерството за труд и социјала учествуваат и министрите за економија, финансии, како и претставници на синдикатите.

Advertisements

„На Економско-социјалниот Совет, преку еден дијалог ќе дојдеме до најповолното решение и за работниците и за работодавачите…законот за минимална плата нѐ обврзува, годишно, во март, да се почнат преговорите за усогласувањето на минималната плата“, рече Тренчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button