Зголемувањето на повратот на ДДВ, заглави во Собрание
Зголемувањето на повратот на ДДВ, заглави во Собрание

Иако беше најавено уште пред неколку месеци, зголемувањето за 300 денари на повратот на ДДВ од 15% од 18% преку скенирање на фискални сметки, не може да се примени за првиот квартал од годинава, бидејќи предлогот не помина во Собранието. Преку апликацијата „Мој ДДВ“, до сега граѓаните ја користеа можноста за враќање на ДДВ на секои 3 месеци во максимален износ од 1.800 денари, а со законските измени кои се предложени ќе можат да добиваат до 2.100 денари на секои 3 месеци.
Управата за јавни приходи преку Министерството за финансии ги достави измените на мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискалните сметки за зголемување на износот, но тие заглавија во собраниските процедури.
„Очекуваме овој закон што поскоро да помине во Собрание бидејќи е во интерес на граѓаните во оваа економска криза, не е многу голем, но секој денар во граѓанската каса значи помош во оваа ситуација. Ги повикуваме пратениците во Собранието што поскоро да го донесат овој закон бидејќи ги засега граѓаните“, изјави Абулдселам Селами, заменик директор на УЈП.
Законските измени се во Собрание од декември минатата година. Дебатата за реконструкција на владата во Собранието ја помести дебата за законите кои чекаат да бидат ставени на дневен ред./Алсат.мк
Аднан Ќаили