ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зградата на тетовскиот театар и библиотека се гради цели 11 години

Зградата на тетовскиот театар и библиотека се гради цели 11 години

Продолжува работата околу завршувањето на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово. Објектот се гради една деценија, но иако беше најавено дека ќе биде завршен во рок од четири години, по речиси 11 години не е ни блиску до завршување. И годинава во државниот буџет нема средства за довршување на овој проект, вели директорот на Домот на културата во Тетово, Вулнет Фејзулахи.

Advertisements

„Во основниот договор за изградба на театарскиот објект сè уште нема средства, но според динамиката сè уште не сме сигурни дали работите ќе бидат завршени навреме или не. Се надеваме дека во наредните години Министерството за финансии ќе префрли доволно средства за завршување на овој објект, иако не сме навистина задоволни од предвидените средства. За оваа година ни се потребни вкупно 163 милиони денари, а очекуваме и дополнителни средства доколку се предвидат со новиот буџет“, рече Вулнет Фејзулахи, Директор на Домот на културата Тетово.

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, најави ревизија на проектот, поради пробивање во временска и финансиска смисла.

„Се разбира, како и во многу други проекти, ќе биде потребна ревизија бидејќи проектот е пробиен и временски и финансиски. По ревизијата, ќе видиме како ќе се одвива проектот. Се надеваме дека нема да има прекршувања бидејќи со тоа ќе се пролонгира и работата што треба да се заврши таму. Веруваме дека ако сè е во ред, ќе завршиме навремено“, нагласи Билал Касами, Градоначалник на општина Тетово.

Со доцнење на изградбата на новата зграда оштетени се вработените во Тетовскиот театар, кои се станари во Домот на културата. Директорот на Театарот Абдула Османи вели дека, програмата на театарот, ниту една година не може да се реализира како што треба.

„Тоа е единствената сала во градот Тетово која ја користат сите културно уметнички друштва. Ова создава голем хаос во нашата програма. Сѐ уште не можеме да го завршиме целиот распоред за еден месец, бидејќи салата секогаш е зафатена. Од време на време терминот се доделува дури има и мешање помеѓу проекти што во голема мера влијае на процесот на проби и подготвување на претстава„, изјави Абдула Османи, Директор на Театарот на Тетово.

Трошоците за првата фаза за изградба на објектот се проектирани на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза за внатрешни средување ќе достигнат 40 милиони евра./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button