„Жан Митрев“, Формирана комисија за испитување на методот за хемофилтрација

Скандалот со Клиниката „Жан Митрев“ останува енигма од државните институции. Сите органи велат дека презеле мерки согласно законите, но ниту еден не посочува какви се тие мерки. Јавното обвинителство не отркива детали за предистражна постапка, иако за истиот случај се испратени кривични пријави од самите роднини на пациентите. И Владата ја усвои информацијата за незаконската научна студија од методот на филтрирање на крвта направена од „Жан Митрев“, но без да каже што е одлучено.
„На 20 јули 2022 година формирана е комисија за надзор на стручни лица, а во врска со примената на методот на хемофилтрација во третманот на пациенти со КОВИД-19 на Клиниката „Жан Митрев“ Скопје. Во следниот период Министерството за здравство ќе ги анализира добиените извештаи, по што ќе бидат преземени сите неопходни мерки и активности согласно законските овластувања“, рекоа од Владата.
Најконкретната информација што ја имаме досега е дека на 18 јули до Лекарската комора е доставена ургенција во врска со поднесеното барање за вршење стручен надзор на лекувањето на пациентот Никола Брезев, од 27 септември, 2021 година, а врз основа на иницијативата поднесена за стручен надзор од Државниот санитарен здравствен инспекторат.
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот заменик-министер Илир Хасани, кои беа на функција во времето на пандемијата, сè уште остануваат недостапни за медиумите за да го коментираат овој скандал. Од канцеларијата за комуникација со јавноста на клиниката Жан Митрев рекоа дека се отворени за соработка со сите надлежни институции. Според нив, предметните досиеја ги доставиле до три државни органи.
„Во текот на овие денови, управата на клиниката Жан Митрев ја достави целата потребна документација до Јавното обвинителство. Исто така, бараните досиеја ги доставивме во законски рок до Агенцијата за лекови, Малмед и до Државниот санитарен здравствен инспекторат“, велат од „Жан Митрев“.
По вчерашната прес-конференција на Министерството за здравство за наодите од истражувањето „Нечиста крв“, реагираа од ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Според нив, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и Агенцијата за лекови се обиделе да го релативизираат истражувањето од документарецот на РЛС. Повикуваат Обвинителството да ги испита исказите на членовите на семејството кои ги загубија животите од интраклинички инфекции за време на пандемијата во приватната клиника Жан Митрев.
Аднан Ќаили