ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Жан Митрев: Срам да им е на сите кои нѐ обвинуваат за профитерство

Жан Митрев се појави пред медиумите пет месеци по „медиумската атомска бомба“ како што го нарекува тој скандалот со методот на хемофилтрирање на пациенти болни од Ковид 19, кои се лекувале во неговата Клиника во текот на 2020-2022 година. Митрев ги отфрли обвинувањата велејќи дека преживеале повеќе од половина од пациентите кои подлегнале на терапија со хемофилтрација која чинела 3.000 илјади евра.

Advertisements

Иако Министерството за здравство најави дека до крајот на октомври ќе биде објавен конечниот извештај за случаите на пациенти кои биле подложени на хемофилтрација, се уште нема конечен извештај.

„Сè уште го немаме добиено конечниот извештај од групата експерти кои беа овластени да проверат над 600 случаи на пациенти заразени со Ковид-19, на кои им е извршена хемофилтрација на клиниката Жан Митрев. Кога ќе дојдеме до наодите, за тоа ќе бидат известени и јавноста и релевантните органи“, велат од Министерството за здравство.

Од Обвинителството велат дека на предметот се работи интензивно и одговорниот обвинител продолжува со собирање докази за докажување на сомневањата за кривичното дело „измама“ против Жан Митрев. Додека предметот е во истражна постапка, на д-р Митрев, му беше одземен пасошот, а за да ја избегне мерката притвор, тој понуди гаранција од 1 милион евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button