
Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид на денешната ждребка во Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го дозна противникот во осминафиналето на Европскиот куп.
Алкалоид во февруари ќе се бори против италијанскиот тим Бриксен во осминафиналето на елитното ракометно натпреварување.
Првите натпревари се закажани за 15 и 16 февруари, додека реваншите од осминафиналето се една недела подоцна.