Железничка пруга за подобра економкса соработка со Бугарија

Без нова патна и железничка инфраструктура не може да се очекува зголемување на трговската соработка со Бугарија. Оптимистичките сигнали кои ги испраќаат политичарите се охрабрувачки, но ова е последен обид земјава да не остане изолирана од европските коридори.
Бизнисмените на Македонија и Бугарија ги потенцираа приоритетите на властите на двете земји. Детали погледнете во Економски магазин на Алсат, вечерва во 22 часот.
„Долги низа години развојот на коридорите беше жртва на бројките. Се велеше дека на релација Македонија – Бугарија нема доволен број на автомобили и останат транспорт за да се гради коридор. Треба обратно, тоа е погрешна перцепција. Значи треба да се гради коридор за да се зголемат бројките “, вели Антони Пешев Извршен директор на Стопанската комора.