ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Железничката пруга кај Романовце – пруга на смртта

Железничката пруга кај Романовце – пруга на смртта

Зад мене е железничката пруга која минува низ селото Романовце, Куманово, додека точката во која се наоѓаме сега, е точка која во минатото ги однесе животите на многу луѓе како резултат на недостатокот на патна сигнализација, која како што може да се види не работи ниту сега.
Граѓаните живеат со вознемиреност поради тажните слики што ги виделе низ годините и велат дека секогаш кога ќе ја слушнат сирената на возот, се плашат дека и овој пат ќе згасне живот.

“Преклани го прегази мојот братучед, тука, пред 4 години, го прегази неговиот чичко, и неговиот братучед . Пред пет години, загинаа жители на Арачиново, што да кажам? „ Инаку некои од нас застануваме тука за да ги запреме децата, застанете не поминувајте, поминувајте. Врескаме или ги креваме рацете дека возот доаѓа. 13:53 Звукот на возот кога го слушаме, или кога возот е запрен, или кога ги слушаме свирежите, ме обзема стрес и паника и се плашам да излезам на улица, си велам што ќе видам сега. Бидејќи сме виделе многу лоши случаи, тие многу ме допираат и сега си велам што ќе видам”, рече еден граѓанин.

“Пред 6-7 месеци тоа беше последната несреќа што се случи во нашето село, тоа беше наш сограѓанин од Швајцарија. Беше 10 часот навечер и сигнализацијата воопшто не работеше. Тој бил со семејството и доживеа сообраќајка, но за среќа немаше смртни случаи… ”, додаде друг граѓанин.

„Имаше судир меѓу возот и автомобилот, фала му на Бога што останале живи…“, нагласи друг граѓанин.

„Во опасност сме секој ден, имаме деца, во опасност сме. Ние од ова село, ова маало можеби знаеме, но има луѓе кои не го знаат тоа. Имавме и случај кога имавме жртви кои мислејќи дека сиганлизацијата работи, а не работела па имаше жртви”, рече еден граѓанин.

Но, од јавното претпријатие Македонски железници ја релативизираат ситуацијата па велат дека сигнализацијата обично функционира, но сега не работела поради работите поврзани со модернизација на автоматските пружински блокови./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button