ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Железници-Транспорт“ должи 1,3 милиони евра за струја

Во шпицот на енергетската криза меѓу најголемите должници е компанијата која стопанисува со возовите на електричен погон. Неплатените фактури низ годините достигнуваат износ од 1,3 милиони евра, што го прави ова државно претпријатие непожелно за соработка на сите трговци за снабдување со електрична енергија. Како резултат на тоа, „Железница транспорт“ се снабдува со електрична енергија на слободниот пазар од крајниот снабдувач, со што плаќа струја 50% поскапа отколку што е на берзата.

Advertisements

Меѓу најголемите должници од државните институции се МЖ – Транспорт, кои според документите имаат околу 80 милиони денари неплатени сметки за струја и поради тоа никој не се јавува на тендерот за да се склучи договор за снабдување со електрична енергија.

Од „Македонски железници – Транспорт“ велат дека пропаднале 4 огласи за јавни набавки затоа што се појавил само еден добавувач кој нуди исклучително висока цена. Директорот, Лиридон Усеини соопшти дека петтиот тендер е отворен, но нема интерес.

„Можам да кажам дека оваа институција е во големи долгови од самиот почеток. Во 2021 година овој тендер беше отворен три пати и во сите случаи беше пријавена една иста фирма. Тендерот четири пати е отворен во април годинава и ниту една компанија не пројавила интерес. Во моментов отворивме нов тендер за да видиме дали ќе се пријави некоја фирма која ќе ги исполни условите што ги бараме“, рече Лиридон Усеини, „Македонски железници – транспорт“.

Ова претпријатие и неколку други кои се сметаат за витални за функционирањето на државата се заштитени со закон од исклучување. Од ЕВН Хоум велат дека меѓу потрошувачите има објекти и институции што не смеат да ги исклучат поради неплатен долг.

„Согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, потрошувачи чие снабдување со електрична енергија не смее да биде прекинато се: болници, клиники, посебни здравствени установи, установи за прва помош, јавни објекти за водоснабдување, објекти и средства за јавен превоз како што се аеродроми, железнички и автобуски станици и сигнални станици во јавниот сообраќај, хидрометеоролошки и сеизмолошки станици и градинки“, наведуваат од ЕВН-Хоме.

За ублажување на оваа криза, Владата усвои две мерки. Од 15 октомври до 15 април маржата за трговија со електрична енергија да се ограничи на 10 отсто и крајниот снабдувач наместо 50 отсто да наплатува маржа од 20 отсто. Меѓу институциите кои плаќаат неколкукратно поскапа струја по склучување договор се многу основни и средни училишта, јавни претпријатија, културни институции и државни органи .Се очекува државата како дел од новите мерки за ублажување на кризата да исплати дел од долговите на овие институции.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button