МАКЕДОНИЈА

Жена и малолетник загинаа во тешка сообраќајка

Триесет и тригодишна жена и малолетник се жртви во вчерашната тешка сообраќајна несреќа што околу 17 часот се случила на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани.

Advertisements

Несреќата, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР) се случила откако С.С. (35) од с.Канатларци изгубил контрола над патничкото возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски таблички, по што излетал од коловозот кај местото викано „Студена вода“.

Во моменот на несреќата во возилото имало пет лица, од кои три малолетници.

По сообраќајката, во Општата болница во Прилеп биле пренесени 33-годишната Џ.С. од с.Канатларци и еден од малолетниците. Жената им подлегнала на повредите во самата болница, а детето било препратено на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но при транспортот починало.

„Со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници“, соопштија од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button