Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург
Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а федералната полиција уапси една жена (39).
Железничкиот сообраќај е целосно запрен на главната станица. Нападот се случил помеѓу пероните 13 и 14. Крвавите дамки на подот сведочат за ужасниот злостор.
Првично се зборуваше за осум повредени лица, но потоа полицијата прецизираше дека три жртви се на работ на смртта, тројца се тешко повредени, а шест лица имаат полесни повреди. Според последните информации, седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Според информациите од „Билд“, некои од повредените добиваат итна медицинска помош во возовите.
Позадината на чинот засега е нејасна, како и деталите за нападот. Во меѓувреме, пристигна тим за кризна интервенција на Црвениот крст за да се грижи за семејствата на жртвите.