ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жена падна од терасата на ГТЦ, итно пренесена во болница

Жена на возраст од 55 години е пренесена на ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради пад од терасата од Градскиот трговски центар во Скопје.

Advertisements

Сѐ уште не е сигурно дали се работи за обид за убиство или за случаен пад, но според она што го објавија првично медиумите засновано на исказот на очевидци е дека жената неколку пати се премислувала дали да скокне, а едно момче се обидело и да ја фати но не успеало.

МВР го потврди случајот:

– Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Засега нема информации за какви повреди се работи и дали тие се животозагрозувачки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button