
Надлежните итно треба да најдат законско решение кое ќе овозможи платено породилно отсуство и медицинско отсуство за жените земјоделки. Ова беше апелот и барањето до надлежните на конференцијата на Мрежата за заштита од дискриминација. Според Марина Тошеска, на овој начин ќе се овозможи жените земјоделки да инвестираат повеќе во земјоделскиот сектор.
Според Драгана Дрндаревска од коалицијата Маргини, дискриминација во државата постои по секоја основа предвидена со законот за спречување и заштита од дискриминација.
Според статистиката, во земјава има само 1.075 регистрирани земјоделки. Голем дел од нив се соочуваат со ниски приходи, немање пристап до правата од здравствена и социјална заштита и лоша безбедност при работа.
Авни Тахири