Жените во земјава извршуваат помалку кривични дела од мажите
Жените во земјава извршуваат помалку кривични дела од мажите

Жените во Македонија се помалку вклучени во криминални активности и се значително помалку застапени во кривично-правниот систем во однос на мажите. Така покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, каде се истакнува дека во 2023 година, само 9 проценти од жените се осудени за кривични дела, наспроти 91 процент мажи. Статистиките покажуваат дека тие се повнимателни, ретко ја преминуваат границата, и се помалку склони кон извршување убиства. Статистиката вели и дека жените се повнимателни возачи и значително поретко претставуваат ризик за безбедноста во сообраќајот.
Податоците покажуваат дека од година во година на факултет се запишуваат повеќе жени отколку мажи, но на пазарот на труд тие се помалку активни, односно според податоците од 2023 година, над 57 проценти од жените се економски неактивни, додека само 27 проценти се работодавачки. Според статистиката, освен првата жена-претседателка во историјата на земјата, во делот на власта и одлучувањето во 2024 година е намален бројот на жени. Од 120 пратеници, 47 се жени, што е четири помалку во споредба со претходниот состав. На локалните избори во 2021 година, од 27 кандидатки за градоначалнички, избрани беа само две. Во делот на општинските совети за истата година, само во една општина има повеќе советнички жени – и тоа во Советот на општина Конче.
Според податоците на Заводот за статистика, процентот на жени и мажи во вкупната популација е речиси еднаков. Овие податоци беа објавени по повод 25-годишнината од собирањето на родово сензитивни податоци./Алсат.мк
Ајнур Бафќари