РАКОМЕТСПОРТ

Женската ракометна репрезентација на Македонија подготвува изненадување

Женската ракометна репрезентација на Македонија почнува уште едно Европско Првенство. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите.

Advertisements

Во групата во Дебрецин нашите девојки имаат на хартија две посилни селекции од себе и една инфериорна. Ова е прво Европско првенство за жени со 24 селекции, но пак нема да биде лесно да се мине групниот сегмњент.

Група А (Дебрецин): Шведска, Унгарија, Македонија, Турција

Група Б (Дебрецин): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка

Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија

Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови

Група Е (Инзбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка

Група Ф (Инзбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина

 

Македонија доби прилично поволна група и шансите за евентуален прогрес во елиминациите се зголемуваат, па затоа ќе мора да се претстави во најдобро можно светло на првите три натпревари. Две од четири селекции во групата се селат во главната групна фаза, каде селекциите од А, Б и Ц групата ќе формираат нова група од шест репрезентации.

 

Распоред на натпреарите на Европското Првенство:

28 ноември: Македонија – Шведска

30 ноемвври: Македонија – Турција

2 декември: Македонија – Унгарија

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button