ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жешка есен за дел од институциите каде се направени злоупотреби, најавува премиерот Мицковски

Жешка есен за дел од институциите каде се направени злоупотреби, најавува премиерот Мицковски

Премиерот Хритијан Мицкоски најавува дека се собираат докази за доставување до истражните органи, за работата на одредени институции каде се направени големи злоупотреби. Мицкоски не открива за кои институции станува збор, но вели дека еден таков пример ќе биде Агенцијата за катастар на недвижности, каде денеска беше во посета.

Advertisements

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски рече дека пред 40 дена кога ја презел функцијата во фиока наишил на околу 5.500 предмети по кои не било постапено. Сега вели, нивниот број е преполовен. Катастарот го враќа стариот тарифник. Уписот на стан и сите придружни елементи, како квадратура, земјиште, заеднички простории, гаражи ќе се вршат одеднаш и тоа ќе чини 1.250 денари, колку што беше и пред февруари кога Агенцијата одлучи да ги поскапи услугите.

Според премиерот, ваквите случаи се доказ за криминал на некои претходни функционери. За ваквите случаи од други институции, Мицкоски вети дека доказите ќе бидат доставени до обвинителството./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button