
„Ако во други денови паркот во Чаир е исполнет со деца кои се забавуваат сега кога температурите се високи паркот е празен“.
Во паркот имаше само неколку минувачи, а некои одмараа во сенка.
Лекарите велат дека жештината сериозно ги погодува децата, особено малите бебиња, бидејќи можат брзо да дехидрираат.
Лекарите апелираат до родителите да бидат повнимателни во овој топол период, да не ги шетаат на сонце, да им даваат што е можно повеќе течности и да ги облекуваат полесно.