ВЕСТИСВЕТ

Жестоки протести ја тресат Турција откако судот и формално му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Десетици илјади демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе градови во Турција, откако градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и главен ривал на претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган и формално е притворен и и обвинет за корупција, пренесува Би-би-си.

Имамоглу вчера требаше да биде избран за претседателски кандидат на Републиканската народна партија (ЦХП) за изборите кои треба да да се одржат во 2028 година.

Advertisements

Неговото притворање вчера доведе до најжестоките протести и излив на незадоволство и гнев кај дел од граѓаните какви што во земјата, според британскиот сервис, не се случиле повеќе од една деценија

Како одговор на протестите полицијата употребила солзавец и гумени куршими врз демонстрантите, велат новинските извештаи.

Обвинувањата кон него, градоначалникот на Истанбул ги оцени како политички мотивирани и во објава на социјалните мрежи пред да биде притворен напиша дека никогаш нема да се покори“.

Од друга страна, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги осуди демонстрациите и ја обвини ЦХП дека се обидува да го „наруши мирот и да го поларизира народот“ на земјата.

Синоќа, петта ноќ по ред, толпи луѓе се собраа во близина на градското собрание во Истанбул каде го вееја националното знаме на Турција и скандидаат пред бројните полициски екипи за разбивање немири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button