МАКЕДОНИЈА

Жичарата во Тетово, вон функција од 2001 година

Жичарата во Тетово, која носеше туристи до Попова Шапка, од 2001 година е вон функција. Според експертите, жичарата би го решила и проблемот со недостаток на паркинг места. Сепак, некои експерти велат дека инвестирањето во жичара, без решавање на инфраструктурните проблеми на Попова Шапка, нема да придонесе за привлекување туристи.

Advertisements

„Со капацитет од 400 луѓе на час, во сто кабини, некогаш, оваа жичарница носеше луѓе од Тетово до Попова Шапка за околу 47 минути. Во 2001 година, како резултат на гранатирањето, една од сајлите беше искината и оттогаш, овој ски – лифт не работи.“

Нема надеж за враќање во функција со поправка. Според поранешниот директор на Попова Шапка, трошоците за поправка би биле поголеми отколку да се изгради нова жичница. Оваа жичара беше многу ефикасна, бидејќи немаше хаос на Попова Шапка, каде има голем недостаток на паркинзи, вели поранешниот директор на оваа туристичка точка Менан Мемети.

 Колку беше ефикасно, толку беше и привлечно, но по некое време беше занемарено и повеќе не се користи. Ако се поправеше тогаш можеби ќе беше ставен во функција, додека сега може да има ерозија на столбовите на жичарницата и мислам дека е подобро да се направи физибилити за изградба на друга жичара отколку да се поправи оваа“-изајви Менан Мемети, поранешен директор на Попова Шапка.

Еден од четворицата експерти кои учествуваа во студијата за Попова Шапка, за Алсат изјави дека ветувањата на Владата дека годинава ќе започнат работите за новата жичарница, која вреди околу 40 милиони евра, не држат.

 Изградбата на жичарницата од Тетово до Попова Шапка беше реалзиарана во средината на шеесеттите години и оттогаш беше во функција се до средината на март 2001 година.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button