ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жители на Арачиново го слават Бајрам без струја

Голем број куќи во општина Арачиново ги затекна празникот Рамазан Бајрам без струја. Жителите на улицата 11 велат дека ова не е првпат да останат без струја, и дека вакво нешто се случувало во март цели 10 дена. Ден претходно изпазариле за да ги пречекаат гостите со полни трпези за време на празникот, но месните производи почнале да се топат и се плашат дека ќе мора да фрлат се што купиле, доколку ЕВН не ја пушти струјата наскоро.

Advertisements

„Имаме проблем со струјата. Една недела немаме струја. Доцна синоќа целосно прекина. Во март немавме струја 10 дена. Ги имам платено сметките. Ако тоа е проблемот, тогаш тие што не плаќаат нека најдат решение. Ни беше кажано дека кога ќе снема струја, тука нема сигурност. Не доаѓаат да поправат бидејќи областа не е безбедна, нѐ малтретираат“ велат, но ова не е вистина. Наводно селаните. Овде сме околу 300 куќи“, вели еден жител.

„Само си играат со нас, не доаѓаат да го поправат, велат дека има дефект, но нема ништо. Мислам има голема опасност, има скинат е кабел таму доле и не дојдоа да го поправат. Нема никаков проблем од нас, ги пречекавме со пијачки, колачи од ЕВН, и ништо не направија“, додаваат жителите.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, апелира до ЕВН да го промени пристапот кон менаџирањето со состојбите. Според него, граѓаните кои не ги плаќаат сметките, не мора да се револтираат, не добиваат услуга за која не ја плаќаат обврската.

„Загриженоста за струјата Мислам дека треба да зема уште поголеми размери. Револтот на граѓаните е навистина голем. Без електрична енергија е невозможно да се има нормален живот. Компанијата ЕВН како сериозна компанија во државата мора еднаш засекогаш да го промени овој пристап на управување во нашата општина, бидејќи овој проблем го имаме со години. Многу е јасно, никаде во светот нема да не се плати струја, и пак да ја искористиш истата“, вели Ибраими.

Денес се обидовме да ги контактираме службите на ЕВН, но безуспешно.
Ова не е единствената населба во Арачиново која често останува без струја од истите причини. Алсат претходно објави за слична ситуација во оваа општина. Жителите на улицата 10 дури го изразија својот револт пред зградата на ЕВН во Бутел. Тогаш ЕВН излезе со став дека голем број жители од таа населба се диво приклучени на доводната мрежа и тоа предизвикува штета.

Со текот на времето, одржувањето на мрежата како и извршувањето на секојдневните активности стана потешко поради отпорот што го покажаа дел од жителите на оваа месност. Односно, при каква било интервенција во овие населби, а конкретно на споменатата улица, екипите се запираат и се соочуваат со вербални закани и физички напади.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button