ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жители на Градец: Исечени се 300 дрвја што ги посадивме

Над селото Градец во општина Врапчиште, веќе неколку дена се масакрираат шумите, поточно боровите што ги засадија жителите. Жителите на Градец се пожалија дека селото е загрозено, како од аспект на чист воздух, така и од аспект на безбедноста од поплави кои се заштитени со овие дрвја. Доколку не се прекине овој масакр на шумите, жителите ќе протестираат.

„Се бара по секоја цена да се прекине со сечењето, бидејќи тоа се белите дробови на селото, нашиот чист воздух. Во останатиот дел од селото исекоа 60-тина елки, а ние се жалевме но не излегуваат ни на терен да видат што се случува. Ова се случи пред десетина дена и се уште велат дека случајот се истражува“, рече Земри Хасани – МЗ Градец.

„Шумата ја имаме за заштита на селото, бидејќи нашето село беше поплавено порано и ги имаме како заштита. Затоа бараме помош од сите институции, од селаните, да го стопираме ова и подготвени сме да се бориме до крај да го заштитиме ова богатство на селото“…

„Ако ги сечат дрвјата ќе излеземе и ќе ги заштитиме, планината е наша и ќе ја заштитиме. Никој ништо не не известил, сега разбравме и ќе излеземе да ја браниме“, реагираат жителите.

Од Управата за шумарство објаснуваат дека боровите се сечеле како мерка за да се спречи болеста на дрвјата.

„Точно е дека во Градец направивме редовна и вонредна проверка и беше констатирано дека во тој дел имало пожари и во тој дел изгореле трупците во месноста 121 и 122 Б ако не се лажам, а има близу 300 трупци, но воедно од вештаците е констатирано дека е проширена фитопатолошка болест и треба нормално да се сечат“, рече Берат Дехари – Директор на шуми на Северна Македонија.

Инаку, како што дознава телевизијата Алсат, ова сечење го прави фирма од село Сенакос, која исечените борови ги користи за производство на пелети.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button