ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите гневни, во Тетово смртно прегазено шестгодишно девојче

Озлогласената Индустриска улица за кој Алсат предупредува со години, синоќа однесе уште еден живот. Шестгодишно девојче кое се обидувало да го помине патот било удрено од автомобил и починало. Жителите се револтирани. Велат дека веќе осум години бараат од општината да изгради надвозник или подвозник.

Advertisements

„Нашиот апел е да се изгради мост, само тоа ги спасува луѓето. Баравме повеќе од 8 години, но општината не работи“…

„Нешто мора да се изгради тука скали или што и да е. Многу пати е речено дека ќе се направи, но нема ништо“, реагираат жителите.

Општина Тетово повторно и денеска излезе со ветување дека ќе се изгради таква сообраќајница. А, додека екипата на Алсат денеска снимаше на локацијата се случи друга несреќа.

Инаку, жртви најчесто се ученици од блиското основно училиште Свети Кирил и Методиј.

„Постојано бараме да има полициска патрола бидејќи се знае дека оваа улица често се користи за трки со автомобили, но не преземаа ништо конкретно“, рече Сихана Каба – Директорка на ОУ. „Кирил и Методиј“.

Тетовската полиција повторно ветува дека ќе ги зголеми контролите во овој дел од градот.

„Освен редовните контроли што ги извршува секторот за внатрешни работи на таа улица, имаме и засилени контроли два до три пати неделно“, изјави Фатмир Реџепи – Портпарол на СВР Тетово.

Единствената мерка што институциите за безбедност ја презедоа во овој дел од улицата е поставувањето на семафор.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button