ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Жителите на Чаир и Бутел стравуваат пред почетокот на грејната сезона

Во пресрет на грејната сезона граѓаните на Чаир и Бутел кои се приклучени на парно стравуваат дека може да се соочат со проблемите од изминатите години, кога поради бројни проблеми остануваат без греење со недели. Од Топлификација „Скопје-Север“ велат дека не се вратени долговите на институциите и на граѓаните, додека оперативните проблеми се надминати и компанијата е технички подготвена за грејната сезона. Според Топлификација, годинава цената на парното ќе биде пониска. Во моментов на парното се приклучени околу 500 домаќинства и 13 правни лица, а оваа бројка, според компанијата, е многу мала, бидејќи капацитетот на топланата е од 2000 до 4000 потрошувачи.
Ајнур Бафќари