ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Долно Количани го блокираа поставувањето на фотоволтаици од приватна фирма

Жителите на Долно Количани го блокираа поставувањето на фотоволтаици од приватна фирма

Жителите на Долно Количани го блокираа патот за да спречат поставување на фотоволтаици. Во парцела од осум и пол хектари што беше во сопственост на државата, на влезот од ова скопско село, жителите тврдат дека биле неправедно третирани, дека им бил одземен јавниот простор на кој спортувале и се рекреирале. Велат дека нема да се повлечат, бидејќи ниту општина Студеничани ниту Владата на Македонија не ги консултирале за продажбата на овој рид за фотоволтаичен парк.

Advertisements

Од друга страна, инвеститорите велат дека градат на нивно земјиште кое го купиле од државата.

„Земјиштето е откупено уредно, Владата донесе одлука, општината ја објави. Имаше уште една компанија која се натпреваруваше, победивме. Ние сме во ред со документите, но селаните мислат дека ова земјиште е нивно, но ова земјиште било сопственост на државата ‘РМ’, не било на никого“, рече Рафет Идризи, сопственик на компанијата.

„Имаме градежна дозвола и трет пат доаѓаме на нашата парцела со сите потребни документи, почнавме со изградба на фотоволтаици, но бевме спречени од селаните. Бараме што поскоро да се занимаваат со овој случај надлежните институции кои дале дозвола за изградба на овој проект за да можеме слободно да работиме“, изјави Хекуран Мурати, директор на компанијата.

Жителите велат дека не биле примени од надлежните од општина Студеничани, но неофицијално им кажале дека е доцна да се реагира по ова прашање бидејќи земјиштето е приватизирано. Со фотоволтаичниот парк треба да се произведува 8 MW/h електрична енергија од соларни панели,  инвестиција за која биле вложени 5 милиони евра. Лиценцата ја додели Регулаторната комисија за енергетика, а земјиштето е ставено на продажба со јавниот повик организиран од општината и локации одобрени од Владата, за стратегии за развој на капацитети на обновливи извори на електрична енергија. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button