ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Горна Матка во Сарај се жалат дека веќе еден месец ЈП Комунална хигиена го нема собрано отпадот во ова село.

Жителите на Горна Матка во Сарај се жалат дека веќе еден месец ЈП Комунална хигиена го нема собрано отпадот во ова село.

“Овој месец тие воопшто не дојдоа, и кога доаѓаат, не чистат сè“.

Advertisements

Пајазит Синани, претседател на месната заедница на село Горна Матка, вели дека веќе еден месец не се собира отпад од комуналното претпријатие на Општина Сарај. Според Синани, иако имаат потпишано договор за плаќање, пак не се собира ѓубре според договорот.

“Го склучивме договорот и на почетокот ги собраа, но сега не доаѓаат во последно време. Нашето барање е да се најде решение, бидејќи вака не личи за нас како жители на селото, не е пријатно, бидејќи кучињата го расфрлаат ѓубрето, поминуваат деца и луѓе и мириса многу“, рече Пајазит Синани – Претседател на месна заедница на с. Матка.

Синани го повикува инспекторатот на општина Сарај да излезе на терен откако неодамна беше создадена дива депонија со фрлање градежен отпад над селото Матка.

„Често се среќававме со луѓе кои фрлаат ѓубре тука од Сарај, иако што е место за добиток за пасење, и не личи вака да се фрлаат. Општината треба да преземе мерки со инспекторите да излезе на терен и да види дали ова е во ред или не“, рече Пајазит Синани – Претседател на месна заедница на с. Матка.

Според Општинското комунално претпријатие од Сарај, отпадот се собира во распоредот предвиден во селото Горна Матка, додека за поплаките на граѓаните од ова село ќе излезат на терен за да ја видат состојбата./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button