Жителите на Горно и Долно Силаре оставени без лекари

Над три илјади жители на селото Горно и Долно Свиларе немаат редовни здравствени услуги. Жителите на Горно Свиларе велат дека во селото немаат ниту брза помош, ниту селски лекар. За едноставен преглед или за рецепт се принудени да патуваат со километри до најблиската здравствена установа.
„За контрола одиме до Ѓорче Петров, оддалечено околу 7 км. Тешко е многу, а ако немаш пари, немаш кола. Побаравме неколку пати, но не ни овозможија такво нешто, ништо не ги интересираше, ниту за пат, ниту за други услови“, рече еден Жител на Горна Свиларе
Ја повредив раката, морам да одам во Скопје. Многу ни е тешко. Побаравме од нив, и најосновни работи што ни недостигаат, амбуланта не доаѓа во предвид“, Жител на Горна Свиларе
И покрај тоа што пешачат со километри за да стигнат до лекар, жителите пак се соочуваат со тешкотии. Во најголем број случаи ги одбиваат од поликлиниката Ѓорче Петров или од Брзата помош во Рашче и Кондово, со образложение дека имаат многу пациенти.
„Без лекар, се оставени 500 куќи, тоа е катастрофа. Има деца, има старци, но ако немаш кола, треба да го испратиш детето во болница во Скопје со комби… во Рашче докторот не те прима, ниту во Кондово. …“, Жител на Горна Свиларе
Некој оди во Кондово, отвара картон, некој во Поликлиниката во Ѓорче. Но подалеку никој не не прима. Ни во Ѓорче не не примаат, велат дека е зголемен бројот на пациенти“, Жител на Горна Свиларе
Покрај недостигот од лекари, жителите се жалат и на бројни инфраструктурни проблеми..
Дел од селото, во лето 4 месеци нема вода. Два – три часа во текот на ноќта доаѓа вода, а потоа цел ден нема. Ќе се направи велат, но никако – ни канализацијата што беше употреблива воопшто не е одржувана. Ни велат дека ќе биде, чекаме напролет, чекаме наесен, и ништо не се прави“, Жител на Горна Свиларе
Од Министерството за здравство не одговорија на прашањата на АЛСАТ зошто селото Горно Свиларе никогаш немало своја амбуланта, ниту пак помислиле да најдат решение. Од МЗ не одговорија и дали имаат намера да иницираат законски измени со кои ќе се обезбеди лекар за секое рурално подрачје. Единствениот одговор беше дека Здравствениот дом го известил министерството, и дека работи на изнаоѓање решение за работата на амбулантата во Долно Свиларе. Молк и во општина Сарај за другите инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат овие две села./Алсат.мк
Вјолца Алити