ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на гостиварското село Здуње велат дека поради изградбата на Коридорот 8 се уништува дел од селските гробишта

Жителите на гостиварското село Здуње велат дека поради изградбата на Коридорот 8 се уништува дел од селските гробишта

Жителите на село Здуње го изразија својот револт од уништувањето на дел од селските гробишта заради изградба на патот, дел од Коридорот 8. Жителите побараа итен прекин на работите и објавување на документацијата за тоа кој дал дозвола на „Бектел и Енка“’ да врши работи на гробиштата во нивното село.

Advertisements

„Работите што се случуваат овде одземаат дел од селските гробишта, а ние како жители на село Здуње сме против. Раководството на џамијата на Здуње и ИВЗ се тие кои замижуваа пред заземањето на ова место. Старото раководство на џамијата беше сменето затоа што се спротивстави на ваквата состојба, а џамијата и селските гробишта ги предадоа на ИВЗ и поради оваа причина денес ни ги одземаат гробиштата. Поминаа два месеци откако ја испративме претставката до ИВЗ, но се уште нема одговор од никого, велат се пожалиле, но немаме документи“, рече Фарук Ферат, месна заедница Здуње– Гостивар.

Министерот за транспорт Александар Николовски денеска изјави дека Владата нема надлежност за проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради трасата на Коридорот 8, туку може само да побара помош од компанијата.

Во моментов се работи на 7-миот километар од Гостивар, додека се работи на еродирање на планината и изградба на потпорни столбови на мостот. Коридорот 8 е со вкупна должина од 110 километри./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button