ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Коњаре по деветти пат го кренаа гласот во однос на ископувањата за вадење на песок и чакал,

Жителите на Коњаре по деветти пат го кренаа гласот во однос на ископувањата за вадење на песок и чакал,

Жителите на Коњаре, бараат од новата влада да преземе мерки и да го запре ископот на земјиштето кое е под концесија, а со што с предизвикува голема штета на плодното земјиште, водата и квалитетот на воздухот. Револтираните жители велат дека при ископите на песок и чакал, компанијата која е концесионер, прави бројни прекршоци.

Advertisements

„Бидејќи тука е границата каде што се дели Средно Коњаре и Долно Коњаре. Работат со документи каде пишува Долно коњаре, а се приближиле некаде. Другата е дека ако го потрошат овој песок, ќе направат канал, ја пуштаат реката да помине овде за да им донесе песок, потоа го фрлаат од другата страна. Тие прават сè, различни видови на кривични дела . Ова поле е прва класа, пред 25-26 години, првата пиперка што беше извезена за во Словенија беше од ова поле, а денес немаме ни вода за пиење“, рече еден жител.

Додека жителите даваа изјави за Алсат дојде концесионерот и имаше вербален судир меѓу нив. Концесионерот рече нивниот став ќе биде испратен во писмена форма, но не испратија соопштение.

“Се додека може да влезе тука со корупција, се додека може да ги купи селаните од нашето село, може да продолжи да работи уште неколку години. Ова е само доказ дека нема држава, нема институции, нема партија, дека има корупција уште во оваа држава, па го видовте однесувањето на самите концесионери, сега немам што повеќе да кажам”, нагласи еден жител.
Од Инспекторатот за животна средина велат дека во моментот нема одлука за стопирање за ископувањата во ова подрачје. Инаку, во ноември минатата година, инспекторатот за животна средина донесе одлука за прекин на ископувањата во близина на реката Пчиња. Во тој период од страна на теренската проверка констатирани беа прекршоци од страна на концесионерот, кој бил должен во рок од 60 дена да го врати земјиштето каде што имало најголема штета во првобитната состојба.
Потсетуваме дека жителите на Коњаре неколку пати протестираа против овие ископувања, покажаа каков бил овој простор пред ископувањата и како сега ова поле е претворено во вештачко езеро кое на околу 100 метри во близина од населените куќи./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button