ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Матка најавуваат блокади ако автобусите не станат редовни

„Секој втор ден се јавувам, велат дека има автобус, но не дошле да не посетат да видат дали има автобус или не“, реагира еден жител на Матка.

Advertisements

Немањето јавен превоз ги собра жителите на Матка заедно да бараат решение. Револтирани велат дека автобусот доаѓа кога ќе му текне, принудувајќи ги да одат пешки 5 километри до најблиската станица за да стигнат до работното место или да ги извршуваат обврските.

„Не можеме секогаш да одиме со такси затоа што не сме толку богати, општината е информирана, градот Скопје и јавното сообраќајно претпријатие си играат со нас. Не сакаме да живееме како во Скопје, но бараме превозот да биде редовен, сега е 11:00 часот и го нема никаде од сабајле, ми рекоа дека возачите ги повлекле од тука и ги испратиле на други линии“, рече Шабан Реџепи – жител на с.Матка.

„Ние не бараме повеќе или помалку, да биде редовна линијата и да не се играат пинг-понг, денес го пуштаат  утре не го пуштаат, тоа не е решениео и ова не е само денес, туку повеќе од 10 години пуштаа автобуси, кога ќе им се текне“, додаваат жителите.

Жителите најавуваат дека ќе го блокираат патот доколку не се реши проблемот со нередовниот превоз во село Матка. Од општина Сарај велат дека се запознаени со поплаките на жителите и претставката ја поднеле до Јавното претпријатие и чекаат да се реши овој проблем.

„Во врска со недостигот на јавен превоз, Месната заедница на село Матка има поднесено претставка до општина Сарај и истата ја доставивме до Јавното претпријатие, во постојан контакт сме со претпријатието и се очекува во следните денови овој проблем да се реши“, рекоа од општина Сарај.

Од Јавното претпријатие велат дека причина за намалувањето на превозот е зимскиот распуст на учениците. Во меѓувреме, од понеделник синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие најавија дека нема да има јавен превоз ако дотогаш Советот на Град Скопје не одржи итна седница на која ќе  гласаат за субвенција за ЈСП за 2024 година.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button