ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Мојанци на само 13 километри од Скопје, а изолирани

Жителите на Мојанци на само 13 километри од Скопје, а изолирани

Семејството Јашари е меѓу двете илјади жители кои живеат во селото Мојанци во општина Арачиново, кое се наоѓа на не повеќе од 13 километри од главниот град. За разлика од секојдневната врева во градот, животот во ова село е застанат во времето.

Advertisements

Немањето патна инфраструктура, амбуланта, продавници, го отежнува животот.  Поголемиот дел од граѓаните се хранат со сопствени производи, кои поради положбата на земјата и сушата, ги нема во изобилство.

„Како живееме, со тешкотии, лошо, нема ништо овде, ниту вода, ниту продавници, ниту патишта, ниту амбуланта, го видовте патот каков е… Така живееме… Млечните производи ги правите сами? Гледам имате и домашни животни. Две крави се мои, две се на брат ми, таму има куќа. Правиме само за себе, колку што можеме да направиме нешто, млечните производи се само за нас. Сами купуваме брашно и храна за кравите. Летото е суво, вода никаде нема, едвај имаме вода дури и за нас. Еве, едвај ја правам градинава со малку вода зашто нема. Работите ли нешто? Ништо, од социјална помош, социјална помош малку по малку добиваме“, изјави Идриз Јашари, Жител на Мојанци.

Во семејството има четворица, но поради болеста на стопанот најголемиот товар паѓа врз сопругата. Се буди пред зори за да ги заврши сите дневни обврски:

„Многу е тешко, сама сум дома. Внатре сама, надвор сама… Се будам во пет и пол, права леб, доаѓам да ги средам кравите, да ги нахранам, да ги исчистам остатоците и да ги пуштам да пасат. Сопругот понекогаш излегува кога може, кога не може, не излегува, па вака сама. Имаме околу 3-4 кокошки. Многу е тешко во зима, тешко е да се носат животните наоколу, морам да облечам чизми и да излезам надвор, во зима паѓа снег, водата замрзнува, мораме да одиме да ги носиме животните до кај џамијата, многу е тешко“, рече Кадише Јашари, Жителка на Мојанци.

Јашари немаат автомобил, а во селото нема ни организиран превоз.

„Имам срцева болест. Животот е тежок тука, многу тежок, многу лошо, најмногу за пат, лекар, вода и слично… За да одиме на лекар, треба да одиме до Арачиново или Ченто. Имате ли автомобил? Не, викаме такси или со некој пријател“, додаде Идриз Јашари, Жител на Мојанци.

Жителите на Мојанци се надеваат дека еден ден државата ќе се сети за нив и ќе им изгради основна инфраструктура./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button