ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на населбата Красниќи во Тетово, главно припадници на ромската заедница, се соочуваат со елементарен недостиг на нормален живот

Жителите на населбата Красниќи во Тетово, главно припадници на ромската заедница, се соочуваат со елементарен недостиг на нормален живот

По три години надлежност на општина Тетово, градоначалникот Билал Касами денеска за прв пат јавно ја посети населбата „Красниќи“ каде што живеат жители од ромската заедница, за да се запознае со недостатоците на оваа населба. По завршувањето на проектот кој требаше да биде финансиран од УСАИД, Касами вети дека средувањето на улицата, осветлувањето, но и канализацијата, ќе се врши со средства на општината и Владата.

Advertisements

„За жал, по последните случувања во американската политика во однос на УСАИД, овие средства ќе мораме самите да ги обезбедиме за овој и други проекти како локална власт, бидејќи ова беше проект кој треба да биде поддржан од УСАИД, па затоа сметавме дека е соодветно денес да излеземе тука и да видиме што е најитно за подобрување на животот на овие жители”, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.
За жителите приоритет е да се регулира канализацијата, да се отстрани лошиот мирис на канализацијата што тече низ соседството, но и чистењето на депонијата што е зад нивните домови.

„Имаме барање патот да биде поплочен со бекатонки. Да го средат осветлувањето и канализацијата. И сакаме депонија зад нас да биде отстранета. Овие се поважни за нас. Канализацијата и бекатонките се важни, бидејќи дотука ги имаме, но и светлата да дојдат. Овде има триесет и три куќи, повеќе од 500 жители сме тука. Политичарите доаѓале само пред изборите, ни ветуваат лаги и ништо, пред изборите рекоа да и по изборите заминуваа“, рече Даим Красниќи, жител.

Инаку, во оваа населба, која нема ниту минимални услови за живот, живеат 33 семејства, додека има над 500 жители, кои во отсуство на социјални станови, наоѓаат засолниште во мали куќи и импровизирани соби. Касами, исто така, вети дека ќе изгради социјални станови за овие жители./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button