ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Ново Куманово: Да запрат градежни работи, додека не ни се заштитат нивите

Жителите на населбата Ново Куманово се жалат на последиците од работите на автопатот и пругата кои минуваат покрај нивните куќи. Атмосферската вода собрана од автопатиштата и железницата нема соодветен проток и завршува во имотите на жителите. Игнорирани од локалните и централните власти, жителите се принудени да ја обврзат фирмата „Страбаг“ да ги прекине работите. Нивните барања се јасни: атмосферските води да се влеваат во реката што тече неколку метри подолу, а не во приватни имоти.

Advertisements

„Живееме долу, немаме атмосферска дренажа. Проблемот е што ние сме оштетени и уште повеќе сакаат да не оштетат. Вчера бевме во фирмата „Страбаг“ и ги прекинавме работите бидејќи не се прават како што треба“, вели Јакуп Чоти, жител на населбата Ново Куманово.

Се додека не се реши проблемот нема да се дозволи продолжување на работите.

„Ги повикавме роднините и сограѓаните овде и организиравме работите да се прекинат додека не се најде решение. Клучата што ја отворија, ги натеравме да ја затворат бидејќи немаме каде да одиме. Ова е приватна сопственост“, додава Чоти.

Претставници на компанијата побараа да се сретнат со жителите. Овие пак им кажале дека решението треба да се најде на терен, а не во канцелариите на компанијата. Телевизија Алсат побара од компанијата „Страбаг“ да ни достави информации за напредокот на проектот, планот за управување со атмосферските води и избегнување на штети на приватни имоти, но до сега не добивме никаков одговор. Жителите не информираа дека вчера имале средба со претставници на компаниите, железничката управа и претставници на општините. На терен е констатирано дека компанијата на диво го изградила водотекот.

Во понеделник жителите ќе се обратат до фирмата „Страбаг“ од каде ќе побараат конкретизирање на проектот и дефинирање на протокот на атмосферските води. Во населбата Ново Куманово има најмалку 20 куќи. Покрај проблемот што го имаат со атмосферската канализација, проблем сам по себе е и патот кој води до оваа населба. Секој пат кога врне, сообраќајот станува отежнат. Штетите предизвикани од дождовите низ годините никогаш не се надоместени, додека некои куќи се принудени да се преселат.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button