
Ваква беше атмосферата утринава пред зградата во населбата Серава – Чаир која пред неколку дена беше зафатена од пожар. Според извори на Алсат, семејствата кои живеат во оваа зграда тргнале кон своите домови за да ги земат работите што им се потребни, но биле спречени од полицијата поради нивната безбедност. Жителите на зградата го сретнале и сопственикот на зградата, кој според претпоставките рекол оти не е одговорен за трагедијата што се случила. Ова беше уште една причина за револтот на жителите да биде поголем, по што следуваше вербален судир со полицијата. Според присутните, полицијата привела еден од жителите на зградата. Она што го прави овој случај уште потрагичен е тоа што дел од жителите кои веќе живеат во оваа зграда се уште ги немаат имотните листови, а дел од нив изјавија дека неколку семејства биле поврзани на исти броила.
На 1 октомври по полноќ избувна пожар во подрумските простории на оваа зграда, причинувајќи голема материјална штета. Пожарот кој беше активен 30 часа зафати десетици станови во оваа зграда. Пожарникарите евакуираа 35 семејства, додека пак лекарска помош побарале 43 лица, од кои 12 деца. Засега причините за пожарот се сеуште непознати, додека пак од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот./Алсат.мк
Мелихате Рустеми