ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на опожарената зграда не знаат кога ќе се вратат дома

По речиси 30 часа целосно е изгаснат пожарот во подрумските простории на зградата во Чаир. Во меѓувреме, жителите од страна ги гледаа своите домови, кој за малку ќе се претвореа во пепел.

Advertisements

Не е познато дали жителите наскоро ќе можат да се вратат во своите домови. Од обвинителството велат дека се очекува целосно завршување на истрагата, за потоа да се разјаснат деталите за причините за пожарот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Во гаснењето на пламените јазици беа вклучени и жители од населбата, кои континуирано им помагаа на пожарникарите да го изгаснат пожарот.

„Бевме тука до 4:30 часот наутро и потоа пожарот беше локализиран, немаше повеќе чад или горење. Најмногу изгореле кабли, приклучоци, лустери, пластика. Тука бевме три смени и работевме без престан 24 часа, имаше околу 40 пожарникари во три смени. Состојбата на повредениот пожарникар е стабилна“, рече Ерол Али – заменик командант на противпожарната бригада.

Во пожарот што изби во згада во Чаир, беа евкуирани 35 семејства. Голем дел од жителите побараа лексрака помош поради вдишување на час, меѓу нив имаше и пожарникари. Лекарска помош побараа 43 лица, од кои 12 деца. Нивната здравствена состојба е добра.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button