ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Палатица без вода за пиење на 40 степени

Жителите на Палатица на овој начин обезбедуваат вода за пиење, но и за дневни потреби. Водата на селото со децении не се користи за пиење, додека во последно време врнежите од дожд влијаат на загадувањето и не може да се користат ниту за хигиена. Беќир Велиу патува околу 13 километри, од неговото село Палатица во Општина Желино, до јавната чешма во селото Јегуновце за да обезбеди вода.

Advertisements

„На секои четири или пет дена принудени сме водата за пиење да ја обезбедиме тука. Бидејќи во нашето село водата не е за пиење. Има бактерии, не е чиста“, вели Беќир Велиу жител на с. Палатица.

Новинар: Како се справувате деновиве со тропските температури, бидејќи знаеме дека водата во селото не се користи?

„Нема што да правиме, не е за користење, понекогаш ја користиме за хигиена. За пиење, еве, кој како може се организираме и доаѓаме тука. Патуваме повеќе од 13 километри за да добиеме чиста вода.. Овој пат го минувам речиси 25 години“, додава Велиу.

Жителите стравуваат од појава на болести.

„Не користиме селска вода, купуваме вода, така ги поминуваме нашите денови. Сега со врнежите на дожд уште повеќе е загадена, многу е лошо…“

„Секогаш одиме во Јегунонце. Таму земаме вода за пиење. Додека не обезбедиме вода во нашето место, мора да одиме таму. Нормално, ќе се јави некоја болест, па дури и сме имале проблеми со децата колку сакаш“, додаваат жителите.

Од Општината Желино велат дека проектот е поднесен во Министерството за екологија, но две години постапката се одолговлекувала без никакво објаснување.

„Општина Желино навреме го поднесе проектот за водоснабдување„ „Палатица“, а од средствата на Европската инвестициска банка добивме износ од 550.000 евра, меѓутоа овие пари не ни беа пуштени за да го започнеме проектот. Чекаме новиот министер да го објави огласот и проектот да почне да се реализира. Ако сè оди според планот, Палатица ќе има нов систем за водоснабдување оваа година“, наведуваат од Општина Желино.

Проблемот со водата за пиење во Општина Желино го има и селото Узурмиште и Требош.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button