ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Рашче се жалат: Канализацијата ни тече во нивите!

„Поради канализацијата оваа нива овде не е засадена. Значи овa земјиште овде не е засадено поради канализацијата? Дури и поради Вардар, но повеќе од канализацијата, дојдете и видете го проблемот“, вели Зибер Хоџа – жител на село Рашче.

Advertisements

Зибер Хоџа од Рашче, општина Сарај се занимава со земјоделство, а на неговото петчлено семејство единствен приход им е обработката на овие ниви. Но, годинава не може да ги работи.

„Нивата е ожнеана, но не ја собрав. Се занимавам со краварство, имам фарма за крави, но не можам да ја обработам нивата, погледнете како остана. Имам право да го барам тоа што ми следува од општината. Во овој дел се уништени два хектари пченица, ги ожнеав, но не ги собрав поради канализација и реката Вардар“, вели Зибер.

Забелешка има и Сали Хоџа, чија куќа е многу блиску до канализациониот канал. Тој вели дека поради смрдеата не може ниту да ги отвори прозорците.

„Живееме во оваа населба со затворени врати, мириса многу лошо. Блиску до каналот, но барем да поминеше по каналот, завршува во нивите како што гледате. Можете ли да ја обработите земјата? Не, ни нивите, но проблем е и смрдеата“, вели Сали.

Жителите на Рашче велат дека општина Сарај ветила решение за проблемот, но досега ништо. Алсат побара одговор од локалната власт. Ни рекоа дека се запознаени и оти соодветните служби извршиле соодветни контроли.

„Станува збор за канализациона мрежа од 500 метри во која треба да се интервенира. Се очекува напролет наредната година да заврши поставувањето на мрежата и да се реши проблемот“, рекоа од општина Сарај.

На проблемот се жалат повеќе од 40 семејства кои живеат блиску до каналот. Во него се собира канализацијата од три други села и завршува во нивите кај Рашче.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button