Жителите на село Палатица со денови немаат вода за пиење

Близу илјада куќи во селото Палатица општина Желино се без вода за пиење. Водата од системот не е за чиста, а загадени се и бунарите. Поради тоа палатичани полнат вода во соседните села или купуваат.
„Прашањето со водата е веќе претерано. И јас и моето семејство купуваме вода. Не знам кога ќе биде направено.“
„Чекаме одамна, откога се направи канализација, чекавме и вода за пиење, цевките беа поставени пред 15 години, но водата за пиење никогаш не се направи. Моментално користиме вода од бунар со хидро-пумпи, но не е за пиење. Купуваме вода за пиење, а има и чешма во Јегуновце.“
„Нема никакво придвижување за водоводот, останува исто, ништо не е направено. Потребите на селото се големи, но во моментов општината, градоначалникот, административците немаат што да прават“, реагираат жителите.
Првиот човек на општина Желино, Блерим Сејдиу, повторно вети дека наскоро ќе се најдат средства за отпочнување на проектот за вода за селата Палатица и Озормиште.
„Во Требош во моментов работиме на водоснабдување со проект на Министерството за животна средина, додека другиот проект кој претходно беше најавен од Министерството за животна средина е дека ние како општина мора да аплицираме за европски средства. Документите ни се подготвени од 2019 година, но тогаш сè уште немаше средства. Сега чекаме Владата да биде подготвена и да аплицира за Палатица и Озормиште“, вели Сејдиу.
Жителите на Палатица не само што имаат проблем со недостиг на вода за пиење, туку имаат и други инфраструктурни проблеми, како што е патот. Но, меѓу главните проблеми е канализацијата на градот Тетово, чии отпадни води поминуваат низ селото, а најлошо е што поминува и во близина на училиштето, па учениците се изложени на ризик од лошата миризба и загадувањето што го носи канализацијата.
Башким Сулејмани