Жителите на селото Нерово во Крушево инсистираат на легализација на основното училиште кое самите го изградиле
Жителите на селото Нерово во Крушево инсистираат на легализација на основното училиште кое самите го изградиле

Продолжува бојкотот на основното училиште „Никола Карев“ од село Нoрово во Општина Крушево. Дашмир Јусуфи, наставник и жител на ова село во интервјуто за Алсат вели дека легализацијата на новата училишна зграда е неопходна поради зголемувањето на наталитетот во овој дел од Крушево. Тој додаде дека изградбата на новата училишна зграда е направена со почитување на сите стандарди за градба, особено за училишна установа. Според Јусуфи, за тоа сведочи извештајот на Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“, кој ја извршил оваа инспекција по барање на жителите.
„Ова е факт дека наталитетот на албанското население во Општина Крушево се зголемува и со тоа има потреба од квалитетно училиште. Нормално, од самиот почеток знаевме дека може да дојде до ова, и дојде, па од самиот почеток, кога го почнавме училиштето, постојано се консултиравме со разни архитекти за планот како ќе изгледа. Постојано се консултиравме со градежните експерти, со градежните инженери за тоа како да го изградиме тоа училиште“, рече Дашмир Јусуфи, жител.
Јусуфи, исто така, рече дека бојкотот ќе продолжи додека не се добие надежен одговор дека ова прашање ќе биде разгледано или решено. Јусуфи потсети дека албанските политичари го посетуваат ова село само за време на изборната кампања.
„Знаеме дека бојкотот е најстрогата мерка што населението и ние како родители може да ја преземеме. Сепак, навистина видовме дека случајот почна да се политизира така што сфативме дека не може да продолжи вака. Не дозволуваме партии да градат политика на грбот на жителите на Норово. Само сакаме по изградбата на училиштето, да има многу вакви објекти на државно ниво, сега бараме од државните институции, прво од локалната власт, потоа од централната власт училиштето да се легализира“, додаде Дашмир Јусуфи, жител.
За проблемот градоначалникот на Крушево Тони Христоски, за Алсат изјави дека ќе се разгледа секоја можност новата училишна зграда да не се урица, туку да се стави во служба на учениците и наставниот кадар. Според градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, околу 90% од објектите во селата на оваа општина се без план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде учениците во моментов посетуваат настава./Алсат.мк
Мелихате Рустеми