Жителите на Шуто Оризари го изразија својот револт пред Град Скопје за хаосот со јавниот превоз
Жителите на Шуто Оризари го изразија својот револт пред Град Скопје за хаосот со јавниот превоз

Хаосот со јавниот превоз ги извади жителите на Шуто Оризари на улица.
Гневните жители на Шуто Оризара бараат решение, бидејќи јавниот превоз е единствениот начин да се оди на работа и да се исполнат обврските. Тие велат дека мора да земаaт такси секој ден.
„ 1400 денари плаќаме карта и плаќаме такси за да одиме на работа, тоа се случува две години, како не им е срам, треба да излезе и да одговори. Таа рече дека ќе имаме бесплатен превоз. Каде е превозот, нема ни со плаќање. За 32-те години колку што сум вработена, не сум видела ваков срам. Одам на работа пешки„ рече еден граѓанин.
Иако жителите на Шуто Оризари бараа одговори од Данела Арсовска, за се што се случува со јавниот превоз во Град Скопје и општина Шуто Оризари, само учениците кои беа дел од овој протест со плакат добија одговори дека треба да ја прашаат Владата која се наоѓа на 500 метри од тука.
„Половина од учениците отсуствуваат поради јавниот превоз„, рече Берин Мухамед – Унија на ученици.
Жителите на Шуто Оризара најавија дека протести ќе има и наредните недели. Во меѓувреме, градскиот јавен превоз во главниот град денес се чинеше дека се движи кон нормализација, но повторно без полн капацитет. Ова следува по одлуката на Владата за набавка на нафта од државните резерви за автобусите на ЈСП. Метежот на автобуските станици не беше како другите денови. На Ова влијаеше и 22 ноември, кој е неработен ден за Албанците./Алсат.мк