ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите од „Пластичаркса„ на протест, бараат семафори

Жителите од „Пластичаркса„ на протест, бараат семафори

Пластичарска улица обично изгледа празно за време на празниците кога дури и продавниците се затворени, но денес тоа не е празник, жителите излегле да протестираат и да бараат знаци за сигнализација на патот, заради кое имало несреќи и за жал некои од нив со жртви.“
Жителите ова го нарекуваат пат на смртта поради многуте несреќи што се случиле таму.

Advertisements

„Нема знаци, како што гледате нема. Децата одат на училиште и одат во другото училиште за фудбал, автомобилите возат брзо, ние сме оставени како во Африка. Бараме семафори или какви било знаци за децата кои одат на училиште, да има пешачки премин од двете страни, и да се знае дека деца одат на училиште, ама никој не презема мерки“, рече еден граѓанин.

„Загрозени сме, наутро едно лице е прегазено, а тука секој ден се газат луѓе. За Бајрам, беше прегазен еден со велосипед“, додаде друг граѓанин.

Жителите велат дека ќе продолжат да протестираат додека институциите не преземат мерки. Протестот на жителите траеше околу два часа. Од град Скопје не добивме одговор што ќе се направи за решавање на овој проблем на пластичарска улица./Алсат.мк
Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button