ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите во Бањица не ги даваат нивите за Коридорот 8

Додека ги вршел последните подготовки за да почне да ги засадува нивите, Насуф Мифтари од долна Бањица добил допис од Владата за откуп на земјиштето за компанијата Бектел и Енка, за изградба на коридорот осум. Земјиштето ќе му биде обештетено со 650 денари за метар квадратен, но Насуф се противи на ваквата одлука, велејќи дека нивата е извор на егзистенција за неговото семејство.

Advertisements

„Ќе наполнам 61 година откако ги работам овие ниви кои ги работеше и татко ми и не хранеше. Живеам од овие ниви, пет члена сме во семејството, живееме од оваа нива. Сега ми ја земаат, нема каде да одам, никој од нас не е во државна работа. Од оваа нива живееме. Како селани немаме што да правиме, нема каде да одиме. Уште еден месец треба да почнам да садам кромид и домати. Над 300 куќи само од моето село јадат леб, можеби и повеќе што живееме од нивите“, вели Насур Мифтари. Земјоделец од Горна Бањица.

Тој вели дека не е информиран за што ќе се користат овие земјишта кои се далеку од трасата по која ќе минува автопатот од коридорот осум.

Насур Мифтари. Земјоделец од Горна Бањица „Ги прашуваме зошто, што се случува, никој не ни кажува. Но, колку што разбравме, тие сакаат да прават кампови за работниците“.

Во иста ситуација е и Насир Хасипи, претседател на месната заедница Бањица. Тој вели дека жителите преживуваат од земјоделството а за својата земја ќе се борат до крај, бидејќи не се заинтересирани ниту да ја изнајмат, ниту да ја продаваат.

„Ќе дадеме се од себе да ја засадиме земјата. Како што мислат да тампонираат цела земја, нема да имаме ни водоводна линија за наводнување за ова место. И ние ќе останеме без вода. Ќе одиме до крај со оваа работа. Отидовме по институции, ништо не не информираат, само си ја префрлаат топката“, вели Насир Хасипи, земјоделец од долна Бањица.

Заменик министерот за транспорт Беким Реџепи рече дека жителите треба да имаат разбирање бидејќи се работи за голем проект. Доколку има незадоволство, жителите можат да се обратат до Управниот суд, вели Реџепи.

„Се работи за многу голем проект и бараме разбирање од граѓаните затоа што зборуваме за проект кој бара многу работа за да се заврши. Доколку има незадоволство и претставки, имотното прашање е правно и сите незадоволни треба да се упатат до судските инстанци, поточно Управниот суд“, вели Реџепи.

Земјиштата што ќе се откупат се на површина од 10.000 метри квадратни и се наоѓаат далеку од местото каде што коридор 8. Според информациите на Алсат телевизија, истото ќе се користи и за камповите на работниците кои ќе работат во изградбата на овој коридор, но не е пјасно зошто државата ги зема во свое владение овие земји, знаејќи го фактот дека престојот на работниците во камповите ќе бидат привремен. Жителите се сомневаат дека по завршувањето на коридорот, овие земјишта ќе се користат за изградба на објекти околу коридорот, како бензински пумпи или хотели.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button