
Женскиот ракометен клуб Чаир ќе настапи во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Овој историски пласман чаирчанки го исполнија исфрлајќи ги Колехо де Гаиа и Каерјенг во првите две рунди.
Следни ривалки на ракометарки од Чаир, ќе им бидат девојките на Славија Прага. Во взаемен договор двата клуба се договорија двата натревари да се одиграат во Скопје. Средбите се закажани за во салата „Автокоманда“ на 18 и 19 јануари.
Победникот од двомечот ќе се пласира во четвртфинале, а тоа е целта на Чаир кој очекува одново да има одлична поддршка од трибините.