
Македонските клубови во машка и женска конкуренција ги дознаа ривалите во Европскиот куп на ЕХФ. Европската ракометна федерација на ждрепка во своите простории во Виена ги одреди сите парови за второто коло во Европскиот куп на ЕХФ кај дамите.
Македонија тука има два претставници во имињата на финалистот на Купот – Чаир и Металург. Чаирчанки беа носителки во извлекувањето, а Металург во подредена улога.
Среќата посака да Чаир налета на противник од Луксембург, додека Металург ќе игра против еден од најдобро рангираните тимови.
ЖРК Чаир – Керјенг
Гореле БСК – ЖРК Металург
Натпреварите во Европскиот куп стартуваат во октомври. Првите натпревари се играат на 5/6, додека реваншите на 12/13 октомври. Двата наши клуба прво ќе играат на гости, па возвратните дуели на домашен терен.