
Македонскиот суперлигаш ЖРК Чаир ја чека ждрепката за третото коло во Европскиот Куп на ЕХФ, каде скопскиот тим ќе биде во првиот шешир поради добриот рејтинг.
Сепак, тоа не значи дека противникот ќе биде лесен, затоа што од вториот шешир чаирчани можат да „налетаат“ на тимови како Ваљадолид, Славија Прага, Кристијаштад и други.
Можни противници на ЖРК Чаир во третото коло на Еврокупот:
Ацгерсдорф (Австрија), Гарабах (Азербејџан) Груде (Босна и Херцеговина), Славија Прага (Чешка), Ваљадолид (Шпанија), Х71 (Фарски Острови), Хаукар (Исланд), Ериче (Италија) Истогу (Косово), Дуделанж (Луксембург) Сао Педро (Португалија), Колехио Де Гаиа (Португалија), Јагодина (Србија), Кристијанштад (Шведска), Бурса (Турција) Ускудар (Турција)
Првите натпревари од третото коло се на 9 и 10 ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Ждрепката ќе се одржи во Виена (15 октомври), со почеток во 16:00 часот.