
ЖРК Чаир го доби противникот за третото коло во Еврокупот на ЕХФ. Ждрепка во Виена сакаше македонскиот суперлигаш во следната фаза да излезе на мегдан против португалскиот тим Колехио Де Гаиа.
Во второто коло тимот на Колехио Де Гаиа од Порто го елиминира составот на Самадреџа од Косово, со две победи на домашен терен. Првите натпревари од третото коло се на 9 и 10 ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.
Нашиот тим поради добриот рејтинг беше во првиот шешир и ќе се обиде да оствари уште еден подвиг во Еврокупот на ЕХФ. По елиминацијата на ЖРК Ѓорче Петров, чаирчанки се единствениот македонски претставник во евро-куповите.