(ВИДЕО) Жртви и повредени во земјотресот во Хрватска, на терен и армијата

Едно дете го загубило животот, а градоначалникот на градот Петриње, Даринко Думбовиќ, стравува од поголем број жртви и повредени, пренесуваат хрватските медиуми.
„Ова е страшно. Има мртви, има повредени. Видовме како едно дете загина на плоштадот. Уништен е центарот на Петриње. Наши седум инженери останаа закопани во зградата, но успеавме да ги извадиме. Ова е катастрофа, испратете ја целата помош што ја имате“, изјавил градоначалникот.
Репортерите на локалните агенции јавуваат дека на теренот има и присуство на припадници на хрватската армија.
Situacija u Petrinji. pic.twitter.com/EK63mcVofC
— Hrvatski Crveni križ (@crvenikriz_hr) December 29, 2020
Попладнево околу 12:20 часот Хрватска ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер. Епицентарот е токму во градот Петриње на 45 килметри југоисточно од Загреб, на длабочина од 10 километри.