ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зибери обвинува дека власта сака да ја задуши институцијата Правобранител

Народниот правобранител ќе бара измена на Законот за облигационите односи по поплаките на граѓаните за работата на извршителите. Законското решение на Владата не било адекватно, затоа е потребна законска интервенција. Насер Зибери вели дека голем број поплаки на граѓаните до неговата институција се токму за напумпани камати.

„Многу голем број поплаки се како резултат на високата наплата на долгот како резултат на каматните стапки. Мислам дека е недозволиво каматата да биде 3 пати поголема од основниот долг што должникот го има кон доверителот. Мислам дека е потребна итна интервенција. Народниот правобранител ќе преземе иницијатива за измена на Законот за облигациони односи со цел да се ограничи нивото на интерес”, изјави Насер Зибери, народен правобранител

 Институцијата се соочува со финансиски пречки  за работа.

„Јас и министерот за финансии сме во перманентен судир за основни прашања, немаме средства да вршиме активности. Тоа е недозволиво. За 2021 година буџетот е намален за 10 отсто од претходната година. Истото се случи и со ребалансот во август, додека буџетот за 2022 година е 10 отсто од него. За 1 година буџетот е намален за 30 проценти. Ова го сфаќам како тенденција за задушување на институцијата“, рече Насер Зибери, народен правобранител

Годинава поднесени се 3.075 барања, од кои 2.085 се обработени. Најголем дел од нив се поврзани со прашања од областа на судската практика, правата на децата и правата на потрошувачите. Народниот правобранител утврди дека затворите се преполни, додека здравствената заштита и ресоцијализацијата се надвор од сите стандарди. Во Казнено поправниот дом за малолетници девојчињата ги немаат основните хигиенски услови. Од државните институции, според Зибер, најкооперативна е Народната банка, а најнекооперативна е Министерството за здравство. /Алсат.мк

Адријан Керими 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button